17.8 C
Skopje
Thursday, March 20, 2025

И Конте прозборе: Овој Салах, и оној од пред четири, пет години е …

Сегашниот предводник на Челси, Антонио Конте ги искажа својот став во однос на Мохамед Салах и прашањето на неговото заминување од таборот на „сините“.

Салах од 2014 до 2016 официјално беше играч на премиерлигашот, но најголемиот дел од овој период го мина надвор од Англија на позајмици во Фиорентина и Рома по што минатото лето договори трансфер во Ливерпул каде сезонава блеска во сиот свој сјај со 43 голови во сите конкуренции. За продажбата на Салах критики на своја адреса добиваше Жозе Мурињо кој денеска прв пат отворено проговори на оваа тема, а потоа за ова доби поддршка и од Конте.

-Ова не е толку едноставно зошто треба да го споредиме Салах од пред четири, пет години, а не со овој.  Овој Салах се подобри и многу напредуваше.  Го разви својот фудбал, иксуството во Италија беше многу важно за него. Сега сум убеден дека е поинаков играч споредбено со минатото и поради тоа е тешко да се има оваа компарација со овој играч.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави