Неименован клуб од Кина испрати понуда на вратата на Арсен Венгер и тоа во вредност поголема од 30 милиони евра по сезона, а тоа е најголема плата која некогаш била понудена на еден тренер. Моментално во Кина Марсело Липпи има 30 милиони евра, а Арсен Венгер доколку би ја прифатил понудата би можел да заработува огромна количина на пари. Тој веќе најави дека сигурно заминува од Арсенал после долги години престој во англискиот клуб, а дека нему, но и на клубот им е потребна промена, па ова сигурно ќе биде најдобрата одлука која можеби требаше да биде донесена пред неколку сезони. Понудата која ја доби актуелниот тренер на Арсенал е дупло поголема од онаа количина на пари која моментално ја прима Пеп Гвардиола, а сега замислете Пеп заработувааше како Нејмар во ПСЖ. Французинот очекува некоја голема понуда од Шпанија или Франција, но уште нема конкретни понуди. Тој истакна дека неговата кариера нема да заврши по заминувањето од Арсенал.