30.8 C
Skopje
Thursday, June 12, 2025

Гатузо распали по своите: Работите стојат во место, го допревме дното и …

 

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо е познат по својот краток фитиљ кога работите не одат според планираното.

Тој на последната пресконференција пред неделното гостувањето кај Болоња, им порача неколку работи на своите играчи.

Милан претходното коло беше поразен од Беневенто на домашен терен, екипата која е веќе со две нозе во Серија Б, ги победи со 1:0, а Гатузо реагираше на тоа.

Го допревме дното, сега морам јас да преземам одговорност. Им ги откажувам сите слбоодни денови на играчите, не е во ред да им се даде слободни денови во вакви околности. Не може да се однесувате како идиоти, а потоа да играте. Јас имав дури авионски карти за мене и фамилијата до Шпанија, но ги сокинав картите, па останав во Милано со цел да работам со момците“.

Мислите ли дека со ова нема да постигнам? Мислите ли дека на тренинзите ќе им ја чешлам косата на куклите? Не, ќе видите дали играчите се мотивирани на следниот натпревар. Не дали сум разочаран од ваква форма, туку до даска сум разочаран. Сакам клубот да го вратам таму кај што му е местото, на врвот“, истакна Гатузо.

 

Извор: СпортКлуб.мк (Sportclub.mk) Извор

поврзани објави

     

Последни објави