13.8 C
Skopje
Saturday, June 14, 2025

Е. Захариева: Кога зборуваме за Западниот Балкан треба да мислиме на нештата што не поврзуваат

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева ја претстави својата визија за иднината на Западен Балкан во дискусијата за Фондацијата Конрад Аденауер, што се одржа на вчера во Брисел.

Настанот, посветен на темата “Замисли го новиот Западен Балкан”, го отвори д-р Ханс-Герт Потеринг, поранешен претседател на Фондацијата. “Бугарија е центар на стабилноста на Балканот и многу важен партнер за ЕУ”, рече германскиот политичар. Тој ја изрази својата благодарност до бугарската влада, премиерот Борисов и лично до министерот Захариева за нивната силна и доследна политика на приврзаност кон европските вредности.

Во дискусијата заменик-премиерот Захариева го сподели своето мислење дека заедничките напори на Европската унија и земјите од Западен Балкан би можеле да го направат регионот стабилен и просперитетен. Таа истакна дека позитивен чекор во оваа насока е организирање почести средби на ниво на ЕУ и Западен Балкан. “Состанокот во Софија на 17 мај беше прв во последниве 15 години. Не е нормално нашите состаноци со соседите, да бидат толку ретки “, рече министерот Захариева.

“Моето видување е дека кога мислиме и зборуваме за Западен Балкан, треба да се концентрираме на работите кои ни поврзуваат, а не на оние кои ни разделат “, изјави за време на дискусијата дипломат № 1 на Бугарија.

Според неа, моментот е клучен за процесот на проширување. Препорака за почеток на преговорите со Република Македонија и Република Албанија од страна на Комисијата е само почеток на процесот на пристапување.

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

     

Последни објави