- Од каде идејава за една ваква иницијатива за воведување практична настава во средното образование?
- Идејата за оваа иницијатива произлезе поради недостигот на практична настава и појавата на незаинтересираност на средношколците кон одредени предмети поради непримената теорија. Оваа идеја не помага само на средношколците туку и на работодавците и институциите со тоа што од училишните клупи ќе излезат работноспособни кадри.
- Дали има интерес кај средношколците и институциите за ваков вид на активности?
- Според анкетата која што ја спроведовме воочивме голем интерес т.е 99% од испитаниците одговорија ДА за потребата од практичната настава.
- Колку самите училишта ве подржувааат во реализацијата?
- Поголем дел од училиштата ни се поддршка така што ни дозволија да одржиме инфо-сесии со цел да ги информираме за потребата од практичната настава.
- Која е целта на јавната Дискусија која што ќе се одржи на 30.04.2018 во АМС?
- Дискусијата под мотото Практикувај дискусија, Дискутирај пракса има цел преку професори и средношколци да бидаат изразени ставовите и да се сфати сериозноста на овај проблем, и како да се справиме со потребата за квалитетно и успешно обаразование.
Иницијативата е дел од проектот Младински лидерски иницијативи реализиран од Младите можат поддржан од Швајцарски национален младински совет.
Кристина Трајчевска