5.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Гвардиола: Не грижете се, пливаме во пари! Ова лето ќе потрошиме една милијарда фунти

Манчестер СИти со победата кај Вест Хем со 4:1 го израмни рекордот по број на победи во Премиер лигата во една сезона, а е и прв клуб откако елитниот ранг на англискиот фудбал се нарекува Премиершип, кој постигнал 100 или повеќе погодоци во првите 35 кола.

Момците на Пеп Гвардиола мозе да догураат и до 100 бодови, а во последните три кола им се потребни седум бодови. Со еден збор, граѓаните издоминираа врз своите противници оваа сезона.

– Не грижете се, ние пливаме во пари. Ќе потрошиме многу, многу пари во следната сезона…“, рече пред новинарите на пресот, а потоа продолжи: “Можеби милијарда фунти или така нешто… не грижете се.“

Во нешто посериозен тон, Каталонецот заклучи: “Ни треба нешто да ги продрма момците. Можеби еден, можеби двајца играчи, но мислам дека ни се потребни и те како засилувања, рече Гвардиола.

поврзани објави

Последни објави