Како што се ближи крајот на сезоната така има и се поголеми најави за активности во наредниот период, а едно лудо сценарио доаѓа од Неапол.
Имено радиото „Кис Кис“ најавува една интересна разврска кога се во прашање тренерите, односно во случајот станува збор за „размена“ на тренерите на Наполи и Челси. Според нивните извори клубот од Лондон на чело со претседателот Роман Абрамович сака да го види Маурисио Сари на чело на „сините“ и е подготвен да ја активира откупната клаузула од 8 милиони евра (важи до 31 мај) која Италијанецот ја има во договорот со Наполи.
Од друга страна калчолигашот е подготвен на едно вакво сценарио со оглед на тоа што многу веројатно е и сезонава да остане без титулата во Серија А, па наводно веќе првиот човек Аурелио Де Лаурентис размислува за некој имиња како Симоне Инѕаги, Рафа Бенитез, Марко Џампаоло и Унаи Емери.
Меѓутоа според официјалната радио-станица на Наполи прва цел на клубот од „Сан Паоло“ е Антонио Конте што значи лесно може да се случи да имаме една размена на стратези, Конте да се врати во Италија, а Сари да летне во Англија.
Дали оваа најава е реална останува да видиме со тоа што повеќе од јасно е дека Челси како и Наполи бараат некое освежување кое со реализација на ова сценарио дефинитивно би го добиле.
Извор: Derbi.mk