3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Треба ли Сити да се угледа на Ливерпул?

Вистински тест за Пеп Гвардиола

Набљудувајќи ги навивачите на Ливерпул како се подготвуваат за важната вечер во Рим, веројатно најболно им е на навивачите на Сити.

Се освен формалност е вчерашниот натпревар за Ливерпул, иако го добија со 5:2. Во контекст на Сити они само еднаш ја имаа таа привилегија и тоа во текот на последните денови од мандатот на Мануел Пелегрини.

Кога дојде, Сити во првата сезона ја подигна пехарот, но животот е суров – кога замина сликите од славјето избелеа бидејќи не ги исполни соништата на „Граѓаните“. Ако домашниот неуспех во третата сезона беше лош, недостатокот на очигледен напредок во Лига на шампиони се чинеше уште полош.

Коефициентот за Сити во претходните сезони не беше голем, па УЕФА ги стави во тешки групи. Нивната инагурациска сезона помина во пресметка со Баерн и Наполи, додека втората сезона беше уште полоша – Дортмунд, Ајакс и Реал Мадрид.

Третата сезона на Пелегрини донесе каков-таков успех. Во групната фаза им се закануваше опасност (Јувентус, Севиља), но поминаа, подоцна елиминајрќи ги Динамо Киев и ПСЖ.

Полуфиналето со Реал го изгубија со вкупен резултат од 0:1 што не претставува силен тим бидејќи тимот на Пелегрини се одлучи на минимум ризик со минимален успех во самиот натпревар. Навивачите сакаа нивните љубимци да играат напаѓачи, своја игра, но Чилеанецот се одлучи на дефанзивна варијанта.

Дури и начинот на кој примија гол, со грешка од резервен играч од одбраната ја осликува целата состојба а таа дека играчите не беа баш доволно добри, напорот не беше доволно голем, Сити не успеа.

Кога Пелегрини замина, дојде Пеп. Тактичката револуција која тогаш беше покрената гарантираше значаен европски напредок. Во првата сезона имаше успех до четврт-финале во ЛШ вклувајќи некои незаборавни моменти

Оваа сезона, беше разумно да очекуваме дека во националното првенство недопирливот тим на Гвардиола може да оди чекор подалеку на Стариот континент. До четврт-финалето нивниот пат низ Европа беше обележан со високи победи во Ротердам, Наполи и Базел и се делуваше како нивната моќ да расте, но овој пат…

На ред дојде нивниот најтежок противник Ливерпул. Гвардиола веројатно најмалку го посакуваше истиот. Сега кога Ливерпул гледа према Киев во Сити едвај се чека новата сезона која воедно ќе биде вистински тест за Пеп Гвардиола. Англискиот шампион со Гвардиола повторно ќе биде меѓу фаворитите, но пред тоа клубот ќе треба да цели кон финале во ЛШ.

Можеби треба да се угледаат на Ливерпул? Да разберат дека за чекор понатаму тие како клуб мора да направат дополнителен напор, без оглед на континуираното подобрување и напредок. Ништо без Лига на шампиони нема да ја подобри сликата за Сити во иднина.

поврзани објави

Последни објави