6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Зидан: Вака е поубаво, но не е баш добро за срцето

Тренерот на Реал Мадрид, славниот ас Зинедин Зидан, успеа на самиот почеток од својата тренерска кариера она што многу големи европски тренер не можеле ни да замислат. Со три последователни финалиња во Лигата на шампионите го израмни учинокот на легендарниот Марчело Липи. До сега успеа да освои две титули, а ќе биде во прилика да го освои и третиот, со што би го зацементирал своето име во историјата на фудбалот.

Мадриѓаните вечерва на свој терен успеаја да ја одбранат предноста од првиот натпревар со Баерн, па ќе бидат во прилика втор пат последователно да го бранат најважниот трофеј во клупскиот фудбал.

„Тоа беше луд натпревар, но во исто време и одличен за гледање. Мораме да му честитаме на Баерн за одличниот меч, почнавме лошо, примивме гол, но второто полувреме беше многу подобро. Во фудбалот морате да се намачите, а особено во Лигата на шампионите. Знаеме дека не можеме да дојдеме до финалето без амка. Поубаво е вака, но не е добро за вашето срце“, изјави Зидан.

Реал без сомнежи ќе биде фаворит во финалето, но трофејот како и секогаш мора да се заслужи на теренот.

„Се уште ништо не сме освоиле. Во финалето сме и тоа е се. Не е нормално три пати по ред да се влезе во финалето, но кога сме веќе таму мораме да се обидиме да го освоиме. Ќе направиме се што можеме да го одбраниме трофејот. Тоа би било одлично. Овој клуб има одлична историја. Сега ја пишуваме уште повеќе, како што клубот го прави тоа со години. Се чувствувам одлично, поради ова го сакаме фудбалот, бидејќи преку него можеме да почувствуваме вака убави емоции. Работиме и се радуваме, имаме шанса да ја браниме титулата во Киев и ќе дадеме се за тоа“.

Извор: Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави