Автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на минхенски Баерн синоќа беше место на кое не би сакале да бидете.
Испаѓањето од Лига на шампиони многу тешко им падна на фудбалерите и тренерот на Баерн, а некои од нив пуштија и солза после последната судијска свирка на Сантиаго Бернабе.
Реал и Баерн одиграа 2:2 во реваншот од полуфиналето, а тој резултат ги однесе кралевите понатаму бидејќи славеа со 2:1 во Минхен на првиот натпревар. По натпреварот средбата во автобусот на Баерн беше како на погреб.
Во крупниот кадар од видео клипот кој се појави на интернет е тренерот Jupp Heynckes кој беше видно изнервиран и разочарам по што му остана да се фаќа за глава поради сите промашувања на неговите фудбалери.
Погледнете и сами:
https://www.youtube.com/watch?v=ehiR7haGKPs