11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГДУ: Со една изборна единица и отворени листи, граѓаните ќе можат да гласаат за личности

Управувачкиот комитет-УК на Граѓанскo демократската унија-ГДУ на состанокот одржан денеска го разгледа и прашањето за потребата од измени во изборниот законик и промените на изборниот модел.

ГДУ ја поздравува заложбата на СДСМ за промена на изборниот систем во една изборна единица и отворени изборни листи.
Очекуваме и апелираме и ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за ова важно прашање. Не радува фактот што дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат партијата да ја поддржи идејата за една изборна единица. Се надеваме дека новото партиско раководство ќе размисли и ќе делува разумно, зошто широките коалиции како што видовме не им се од интерес ниту на нив.
Со воведувањето една изборна единица, наместо сегашните шест ќе се разбие бипартизмот во македонскиот и албанскиот блок и конечно ќе дојде до плурализам.
Со Македонија како една изборна единица и отворени листи, граѓаните ќе имаат слобода на избор при гласањето, ќе гласаат за човек, а не за партија и пратеници да стануваат тие што се повисоко на гласачкото ливче, само затоа што имаат подобри врски со лидерот.
Моделот на една изборна единица ќе значи поголема разноликост во Собранието, со тоа автоматски ќе се намали и јазот меѓу двете најголеми партии, Владите би биле похетерогени, а секако тоа би било пред се многу подобра за граѓаните бидејќи така ќе има поголем слух за потребите на различни општетсвени групи.
Со една изборна единица и отворени листи нема да има потреба од предизборни коалиции , секоја партија ќе може да се измери колку доверба ужива кај граѓаните.
ГДУ укажува на потребата од решавање на ова сусштинско прашање. Доста е од коалиции и бипартизам. Гласот мора да биде еднаков! Граѓаните само на ваков начин ќе имаат слобода на избор при гласањето и Парламентот, само тогаш може да биде храм на демократијата.
ГДУ повторува дека ова прашање е високо на нашата агенда , зошто само така пратениците ќе престанаат да одговараат пред партијата како досега, туку ќе одговараат директно пред избирачите“, се вели во соопштението до медиумите на Граѓанско демократската унија-ГДУ.

поврзани објави

Последни објави