fbpx
-6.2 C
Skopje

Претседателот на ЕК: Европската унија треба да го преземе водството од САД

АКТУЕЛНО

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека САД со Доналд Трамп изненадувачки брутално се откажуваат од мултилатералните односи и пријателската соработка.

Јункер по одлуката на американскиот претседател, САД да се повлечат од Договорот за иранската нуклеарна програма изјави дека Вашингтон „повеќе не сака да соработува со другите делови од светот“.

Претседателот на ЕК во своето обраќање пред фламанскиот регионален Парламент наведе дека Европска унија треба да го преземе водството од САД.

– Во овој момент, мораме да ги смениме САД, кои како меѓународен актер ја изгубија силата и поради тоа го загубија долгорочното влијание – посочи Јункер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -