Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров имаше шестчасовни преговори со својот колега од Грција Никос Козијас, на кои присуствуваше и медијаторот во процесот Метју Нимиц, информира 24 ТВ.
Како што информира телевизијата средбата траела шест часа, а Димитров и Коѕијас соопштиле дека имале долги и тензични преговори, од кои е направена позитивна работа.
Медијаторот во изјава за медиумите истакнал дека сега преговарачите треба да ги известат своите премиери за договореното, пред средбата на Заев и Ципрас на 17 мај во Софија.
Повеќе за ова на 24 ТВ – ОВДЕ