Пеп Гвардиола сака да донесе нов офанзивен играч на Етихад а последно име на листата со желби е поранешниот играч на Манчестер јунајтед кој не се снајде најдобро на Олд Трафорд, Вилфред Заха
И покрај тоа што има голем избор на офанзивни играчи (Стерлинг, Агуеро, Де Брујне, Сане, Бернардо Силва, Давид Силва и Жесус), Пеп Гвардиола сака уште еден играч со вакви карактеристики.
Во јануари тој се обиде да го донесе Ријад Марез за 60 милиони фунти, Сити силно притисна во последните денови од преодниот рок, сепак Лестер одби да го продаде фудбалерот. Се најавува дека „Граѓаните“ летоска одново ќе достават понуда за Алжирецот, но тој не е единствената желба.
Медиумите од „Островото“ утрово пренесоа дека ново име на списокот е Вилфред Заха, кој беше последното засилувања на Сер Алекс Фергусон. Тој во 2013 пристигна на Олд Трафорд како еден од најперспективните играч во Англија, но не се снајде најдобро во Манчестер јунајтед и во 2015 беше продаден на Кристал Палас за скромни 3 милиони фунти.
Репрезентативецот на БСК на Селхрст Парк си ја врати кариерата на прав пат, игра на високо ниво и со одличните партии го привлече вниманието на Ливерпул, Тотенхем, Челси и сега Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.
Се шпекулира дека новиот шампион на Англија е подготвен да искешира 50 милиони фунти за да ја победи конкуренцијата до потписот на 25 годишниот Вилфред Заха.
Извор: 24Фудбал