2.8 C
Skopje
Wednesday, January 8, 2025

Најголемо протекување на тајни податоци во историјата на фудбалот: Откриени шокантните договори на Салах, Ван Дајк, Санчез, Обамејанг…

Потресен е фудбалскиот свет, а од цифрите ќе ви се заврти во глава.

Германскиот магазин “Spiegel” го потресол фудбалскиот свет по објавувањето на книгата со име “Откривање на валканите работи во најубавата игра”, во која е откриено се тоа што се чува во тајност и поради што главните луѓе на водечките клубови, посебно во премиер лигата, ќе мора многу да објаснуваат.

Протекле детали за лудите бонуси и платите за играчи како Алексис Санчез, Пјер Емерик Обамејанг, Хенрик Мкитаријан, Вирџил Ван Дајк, Мохамед Салах…

Алексис Санчез

Чилеанецот годишно заработува 23.000.000 милиони евра годишно од плати и маркетиншки права – што зависи од квалификувањето на Манчестер во Лигата на шампионите, што Јунајтед и обезбедил, но тоа не е се. Добива уште 85.000 евра за секој натпревар кој го почнува како стартер, па досега заработил 1.500.000 евра само на тој начин.

Платата му е 450.000 евра неделно, а Јунајтед се обврзал да му плати околу 8.000.000 евра само за потписот кога дошол од Арсенал, а во другата насока отишол Хенрик Мкитаријан.

Ќе добие повеќе од 2.000.000 евра ако дојде до комбинација од 40 голови и асистенции во сезона. Ќе добие преку 1.000.0000 евра ако Јунајтед ја освои Лигата на шампионите и половина милион евра ако ја освои Премиер лигата.

На овој начин, Санчез потенцијално годишно би можел да заработи преку 28.000.000 евра.

Пјер Емерик Обамејанг

Обамејанг во договорот има бонус за лојалност кој ќе биде поделен на четири дела и изнесува 17.000.000 милиони евра, и ќе му биде исплатен до крајот на договорот во 2021. година. Ќе добие и 340.000 евра за 25 голови и асистенции комбинирано во сезона.

Прочитајте го целиот напис ОВДЕ (Извор – tocka.com.mk)

поврзани објави

Последни објави