Нејмар ја искористи гала вечерта на синдикатот на професионални фудбалери во Франција за да даде кратка и јавна изјава за својата иднина, пред се за се погласните шпекулации кои се појавуваат за негово заминување од Париз.
Бразилскиот фудбалер беше прогласен за најдобар фудбалер на сезоната за време на церемонијата, а во моментите кога ја доби индивидуалната награда, Нејмар даде одговор за гласините кои го поврзуваат со сензационален трансфер во Реал Мадрид, па дури и во Манчестер Јунајтед.
– Реал Мадрид или Јунајтед? Цел свет знае зошто дојдов тука и што сакам да постигнам со ПСЖ. Сите знаат за целта која си ја имам поставено. Сепак, сега моја главна цел е мундијалот со Бразил, не е момент да се зборува за трансфери. Веќе сум навистина изморен од тоа, – порачал Нејмар кој со ова се надоврза на изјавата на претседателот Насер Ал Келаифи кој истакна дека Нејмар со 2000-постотна сигурност останува во Париз.
Извор: Дерби.мк