Фаличноста на сегашниот изборен модел од шест изборни единици е лошото „момче„ во изборното законодавство затоа што истиот не ја претсетавува вистинската слика за изборот на граѓаните, личен пример е нашата политичка партија Обединети за Македонија каде избори наназад освојува над 20.000 гласови а не е застапена во парламентот. Моделот на една изборна единица со низог праг од 1% ќе ја зголеми тежината на демократијата со што секој застапник во парламентот ќе ја брани својата програма за која добил доверба од граѓаните и истите со полн капацитет ќе ги претставува.Сегашниов модел на изборно занодавство има и друга мана со која менутажата за политичко рекламирање е поделена на два субјекти со што ги маргинализира другите кои сакаат да ја претстават својата програма пред гласачите ,ние како Обединети за Македонија се залагаме за нов изборен закон кој ќе се базира на рамноправност а не потчинетост на некоја партија кон другите, велат од ОМ за „Поглед.мк.“