Британскиот The Sun денеска известува дека Антонио Конте може да го напушти Челси во следните 48 часа, додека како замена може да пристигне Луис Енрике.
Италијанскиот стратег пред два дена го освои ФА Купот со Челси против Манчестер Јунајтед на Вембли, па после славјето, можеби ќе се случи разделба.
Тој потенцираше по освоениот трофеј дека е „сериски победник“ што на дел од аналитичарите им ѕвонеше во уши како проштална изјава со Челси.
Но сето тоа треба да биде потврдено во следните 2-3 дена, за потоа Челси внимателно да го направи следниот чекор и евентуално новиот тренер.
Како што се тврди, прв фаворит за новата тренерска позиција е Луис Енрике, кој е слободен агент и кој не би имал ништо против да работи во Лондон.
Извор: Sportclub.mk