Барселона славеше минимално со 1-0 против Реал Сосиедад и така со победа се опрости од навивачите за оваа сезона. Тоа беше последен натпревар во дресот на тимот од Каталонија за Андрес Иниеста кој по завршувањето на сезоната доби прилика да се обрати на навивачите, а потоа пушти и солза.
Иниеста за 22 години поминати во Барса одиграл преку 600 натпревари и на некој начин стана симбол на клубот од Ноу Камп. По синоќешниот натпревар сите се вратија дома, а шпанскиот фудбалер се врати на теренот и остана сам се до 3 часот наутро.
Следната негова дестинација би можела да биде Кина, така барем соопштуваат шпанските медиуми.
