16.8 C
Skopje
Thursday, March 20, 2025

Официјално: Никола Груевски осуден на две години казна затвор за набавката на луксузниот Мерцедес

Судот нагласи дека предмет на обвинение не е оправданоста на набавување на возилото, туку начинот за набавката на возилото.

Обвинетиот Никола Груевски со искористување на своето реално влијание, влијаел да се изврши да се купи службено возило кое не смеело да се изврши.

Секој носител на јавна функција треба да знае дека еден од основните принципи е принципот на отчетност. Граѓаните на Република Македонија треба да знаат како се трошат нивните пари. Никој, а најмалку премиерот не смее да ги омаловажува граѓаните, на начин на кој што успеал да обезбеди возило за кое не биле информирани граѓаните, туку и за кое се договориле да глумат дека предметното возило е на МВР, а кога нема да има новинари ќе го користел обвинетиот Никола Груевски, тогашен премиер на Република Македонија.

Обвинетиот Ѓоко Поповски е виновен за злоупотреба на службена положба, а обвинетиот Никола Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание.

Согласно наведените законски обврски, Ѓоко Поповски е обвинет на 6 години затвор, Никола Груевски на две години казна затвор.

поврзани објави

Последни објави