Англиските медиуми денеска соопштија дека Црвените ѓаволи односно клубот Манчестер Јунајтед ќе потпише договор со 25-годишниот бразилски фудбалер на почетокот на јуни, поради тоа што „црвените ѓаволи“ сакаат порано да го завршат купувањето во преодниот рок.
Станува збор за фудбалерот на Шахтјор, Фред кој беше огромна желба на Пеп Гвардиола во текот на зимото, но тогаш Сити одлучија да го купат Ејмерик Лапорт за нешто повеќе од 60 милиони евра.
Фред пред одреден период призна деа сака да го напушти клубот од Украина, а со самото напуштање да направи и нов чекор во својата кариера.
Бразилецот имал состанок со својот менаџер Жилберто Силва, а наводно нивна желба е да се пресели фудбалерот на „Олд Трафорд“ пред почетокот на Светското првенство.