Селекторот на Германија, Јоаким Лев призна дека ако го добие правото да избира меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, за да вклучи еден од двајцата во составот на Германија за СП 2018, ќе се реши за аргентинската ѕвезда.
Според Лев, Меси е „најкомплетниот играч“.
– Ќе го одберам Меси. Роналдо е сензационално добар, одличен професионалец и ексклузивен голгетер, но Меси според мене е најкомплетниот фудбалер, изјави Лев во интервју за „Билд“.
Лев смета дека аргентинската ѕвезда на Барса игра на исклучително високо ниво во секоја сезона повеќе од десет години.
– Тој дава помеѓу 30 и 40 асистенции по сезона и исто така постигнува околу 50 гола годишно. Покрај тоа игра спектакуларно. Брзината во играта на Меси е недостижна. Тој може да остави осум или девет играчи зад себе, додаде Јоаким Лев.