3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Црн бибер- храна и лек!

Сушениот бибер се користи долго време поради вкусот и неговото лековито својство. Како зачин се употребува плодот на ова растение, кој е во форма на мали зрна. Постојат повеќе видови на бибер, а се разликуваат по начинот на подготовката на зрното.

Бибер (латински Piper nigrum) е растение од семејството на Piperaceae. Потекнува од јужна Индија, но интензивно се одгледува и во други тропски предели. Виетнам е моментално најголем производител на бибер во светот. Во Европа, во античките времиња, пристигнувал со каравани и бил ценет исто како и златото. Во 1498 година Васко да Гама со брод го носи од Индија.

Благодарение на антибактериските својства, биберот се користи како природен конзерванс на храната. Претставува богат извор на манган, железо, калиум, витамин Ц, витамин К и растителни влакна.

Пиперинот е активна состојка на црниот бибер и благодарение на него се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.

Како многу добар и успешен лек се покажал и кај луѓе што страдаат од дијареја, кила, од проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, несоница, болки во зглобовите, болки и проблеми со забите, проблеми со црниот дроб, болки во ушите, како и проблеми со белите дробови и дишните патишта.

Единствено треба да се напомене дека не смеат да го употребуваат луѓе што имаат чир на желудник, и луѓе што имале операција на органите за варење.

поврзани објави

Последни објави