4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Дали Бугарија ќе ги брои бугарите во Македонија?

Опозицијата во бугарскиот парламент бара лицата што ќе добијат бугарско државјанство да ја покажат својата „лојалност“ кон Бугарија преку останувањето во земјата и плаќањето данок и други давачки во тамошниот буџет. Според социјалистите пред Министерството за правда и Државната агенција за Бугарите во странство имало „редици со луѓе кои гореле од желба да добијат бугарско државјанство“, и откако ќе ја постигнеле својата цел веднаш заминувале од државата.

Министерката за правда на Р. Бугарија, Цецка Цачева истакнува дека мнозинството од кандидатите за добивање на бугарско државјанство доаѓаат од земји во кои постои бугарско малцинство како Македонија, Србија, Украина, Молдaвија, Русија и др. и додава дека не е изненада фактот што луѓето ја напуштаат Бугарија и се враќат во своите држави.

Во врска со тоа треба да се напомене дека во нашата земја од 2002 г. не е спроведуван попис и не се знае точната бројка на припадниците на бугарското малцинство во Р. Македонија за кое што зборува министерката Цачева. Тука стои и прашањето дали на следниот попис (кога и да се одржи) ќе има посебна графа за етничките Бугари, кои живеат на територијата на Р. Македонија? Прашање на кое треба да одговорат надлежните институции.

Извор: Трибуна.мк 

поврзани објави

Последни објави