3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ГДУ: ОЈО повеќе од една година одбива да одговори дали се уште работат стручни соработници со фалсификувани дипломи

„Правосудството, борбата против корупцијата и човековите права се трите теми содржани во поглавјето 23 од пристапните преговори за зачленување во Европската Унија“, стои во соопштението на ГДУ.

Во пракса, реформите во овие области во земјава се спроведуваат на следниов начин:

Пред само неколку месеци претседателот на Советот на јавните обвинители Коле Штерјев, незаконски ја избра внуката – избрканата обвинителка од СЈО во Обвинителството за организиран криминал и за тоа јавно призна, а сега слушаме како истиот тој сакал повторно да ја протурка за виш јавен обвинител и другата обвинителка на која СЈО и даде црвен картон, а која важи за близок човек на функционер од ДУИ.

Основното Јавно Обвинитилство – Скопје, повеќе од една година одбива да одговори дали сеуште работат како стручни соработници лицата кои со фалсификувани документи се пријавија на конкурсот за јавни обвинители.

Одложен е изборот на шефови на 20-на обвинителства во државава меѓу кои и скопското и Обвинителството за организиран криминал, со образложение од “потреба од дополнителни документи на кандидатите”

И се додека погоре наведените факти не бидат заменети со “отпуштени се 100 обвинители и судии” или “ покренати се 100 кривични обвиненија за судии и обвинители… “реформите во овие области ке бидат наменети за понатамошно “негување”на системски нефункционален и корумпиран правен поредок, за кој ке се дебатира на бесконечни “работилници и семинари” во Маврово и Охрид.

Довербата во институциите прво треба да се врати кај нас, кај граѓаните на земјава, а потоа и пред меѓународните организации.

Како што досега стојат нештата, и понатаму се вложува само во недовербата“, стои во соопштението на ГДУ.

поврзани објави

Последни објави