13.8 C
Skopje
Saturday, June 14, 2025

Маскерано: Аргентина не е топ фаворит

Репрезентативецот на Аргентина Хавиер Маскерано изјави дека неговата екипа не е во кругот на фаворитите на претстојното Светско првенство во Русија. Но, дека ќе се обидат да ги задоволат вкусовите на нивните навивачи.

– Мораме да бидеме паметни. Репрезентации како Франција, Бразил, Германија и Шпанија се пред нас. Тоа го покажаа со играта и поради тоа што имаат континуитет. Но, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите. Знаеме во каква состојба сме и со многу мотиви и добро подготвени можеме многу да постигнеме, изјави маскерано за аргентинската телевизија  ТИСИ спортс.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

     

Последни објави