Мануел Пелегрини пред 10-тина дена одлучи да се врати во Премиер лигата и да го прифати амбициозниот проект на Вест Хем, тим кој ќе се обиде да го врати на вистинскиот пат по исклучително лошата сезона во која менаџерските позиции ги загубија Славен Билиќ и Дејвид Мојс.
Пелегрини има искуство во англискиот фудбал бидејќи претходно ја освои Премиер лигата како лидер на Манчестер Сити, но сите добро се сеќаваме дека искусниот Чилеанец врвот го достигна неколку години претходно кога ја доби одговорноста да го предводи Реал Мадрид. Пелегрини го водеше Реал само една сезона (2009-10) и брзо заработи отказ од Флорентино Перез од кого всушност и беше назначен.
Осум години по крајот на соработката со „кралевите“, Пелегрини сега одлучи да се отвори за притисоците кои ги добивал од претсдателот Перез, признавајќи дека добивал инструкции и наредби дека одредени играчи мора да играат во првиот тим.
– Една од најтензичните дискусии кои ги имав со водечките луѓе на Реал беше за нивото кое го прикажуваа одредени поединци. Ми велеа дека одредени играчи мора да играат без разлика на се, но јас никогаш не потклекнав на тоа и се случи тоа што се случи, – се потсетува Пелегрини за отказот во Реал, а потоа испофали двајца играчи на Реал кои ги издови како неверојатни професионалци.
– За време на мојата досегашна кариера, најлесни играчи за водење и тренирање беа Кристијано Роналдо и Раул. Нив не им е важно колку победуваат, тие се вистински професионалци и секогаш се однесуваат онака како што треба. Тие се примерр за сите останати. Инаку, најкомплициран играч за мене беше Хуан Роман Рикелме во Вилјареал, – открива Пелегрини за чилеанскиот весник „Ел Меркурио“
Извор> Derbi.mk