4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Стоилковски: Зоран Заев ЕДНО ЕВРО е синоним за криминал и корупција

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран ЕДНО ЕВРО Заев е синоним за криминал и корупција во Република Македонија.

-Зоран ЕДНО ЕВРО Заев, преку своите бизниси на кои фигурираат неговите брат, чичковци, стрини, вујни, ја исцеди Струмица и целосно ја приватизираше. Сега Зоран ЕДНО ЕВРО Заев, криминалните зафати од Струмица, ги спроведува на државно ниво. Бројни се сведочењата на оние кои се’ повеќе се охрабруваат да проговорат за начинот на кој кланот на ЕДНО ЕВРО Заев ја стави Струмица под нозе, а сега го препознаваат истиот начин на водење криминал и на државно ниво, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.

Тој напомена и по што го помни македонската јавност Зоран ЕДНО ЕВРО Заев.

-Митко Ѓорѓиев бизнисмен од Струмица во ТВ емисија сведочи: Градот Струмица веќе целосно е во сопственост на кланот Заеви и никој нема никаква шанса да води бизнис во градот врз кој Заеви имаат целосна контрола. Ѓорѓиев обвини дека Менувачницата „ПЕОН“ е лихварска организација која го осиромашува народот на сметка на Заеви. Ако се вратиме малку наназад, на случајот „Поткуп“, повторно се споменува истата менувачница во која што требаше бизнисменот Иван Николов да остави по ЕДНО ЕВРО за Заев и за Црквата, изјави Стоилковски.

Тој потенцира и како Зоран Заев сега истиот начин на клановско богатење го применува на централно ниво.

-ЕДНО ЕВРО Заев излажа дека е продадена механизацијата на компанијата „Тотал инжинеринг” компанија на неговиот брат, за да се замагли криминалното и коруптивното доделување на концесии. Сепак тие не можат да се сокријат, па ЕДНО ЕВРО Заев потврди дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” на Вице Заев, за експлоатација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Зоран ЕДНО ЕВРО Заев не одговори како планира јавноста да верува дека Заеви ќе вршат ископ во следните 30 години без механизација, зделка тешка милиони евра? ЕДНО ЕВРО Заев беше фатен и во други лаги за искористување на актуелната позиција за лично богатење на неговиот клан. Ја потсетуваме јавноста за аферата за Струмичките камиони на Вице Заев кои работат во РЕК Битола. И тоа бесрамно, со лепење обичен отпечатен лист со име на друга компанија преку ознаките на Кланот. ЕДНО ЕВРО Заев искористи човек преку кој кланот во Струмица запоседна огромна парцела со градежна дозвола за изградба на згради во кругот на струмичката касарна, а посредникот за возврат за услугата ќе добие станче од 40м2. Еден стан за отстапена локација на која се гради зграда со нето површина 6.888 м2, и профит над 1 милион евра за братот и братучедот на Зоран ЕДНО ЕВРО Заев, изјави Стоилковски.

Стоилковски вели дека Зоран Заев, уживајќи ја заштитата од девастираното судство, како и она се што е околу него во оваа власт кажува дека се’ што поседува не е вметнато на имотниот лист и дека е на име на неговиот брат, чичко, татко, тетка.

-Зоран ЕДНО ЕВРО Заев самиот кажува дека и неговиот и автомобилот на сопругата се во сопственост на „Тотал инженеринг“ на братот Вице, како и дека нема стан, куќа, или и мотоцикл БМВ од десетици илјади евра на свое име. Зоран ЕДНО ЕВРО Заев треба да објасни зошто го крие својот имот под име на заедничките сметки на компаниите на кланот Заеви, наместо на свое име, како впрочем и секој граѓанин во Република Македонија! Тоа објаснување, барем два пати истото да го повтори, Зоран ЕДНО ЕВРО Заев нема да го даде, се додека за тоа прашање не се охрабрат да проработат институциите. Се до тогаш власта за Зоран ЕДНО ЕВРО Заев и неговото семејство, ќе биде само алатка за ширење на нивните бизниси. Република Македонија не е лична сопственост на кланот Заеви. Зоран ЕДНО ЕВРО Заев мора итно да ја напушти фотелјата. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро, изјави Стоилковски.

поврзани објави

Последни објави