Од 7 до 10 јуни, во МКЦ, Кино Култура и МСУ, шести пат ќе се одржи Викендот на гордоста Скопје 2018, во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центар за поддршка.
„Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. Со оваа идеја, од една страна, сакаме да ги истражиме и проблематизираме многустраните начини на кои хегемониските имагинации за родот и сексуалноста се вкоренети во главните политички поими. Од друга страна, НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. стреми да го превредни фигуративниот статус на “настраноста” во рамки на доминантните културно-политички простори – настраноста како радикална разлика, како отфрлените форми на живот, како пркос кон сите идентитетски рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на нормализација, како сопка за “репродуктивниот футуризам” – и во истата да препознае актуелизација на самата невозможност за тоталитарното затворање на живеењето и на културно-политичката заедница“, пишуваат организаторите.
ПРОГРАМА
01.06.2018 – петок
21:00
KINO Kultura
Промо настан
Срамота! Вечер на раскажување квир приказни
Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева
_____________________________________________________
07.06.2018 – четврток
21:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje
CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018
Изложба на фотографии
Del LaGrace Volcano
Со Дј сет на Хада Блам (https://goo.gl/Q6nyBr
08.06.2018 – петок
21:00
KINO Kultura
Кончерто / (CONCERTO)
Ivo Dimchev- Music
Во репертоарот ќе бидат вклучени највпечатливите дела на уметникот, издвоени од контекстот на неговите перформанси и изведени како индивидуални дела. Неговиот извонреден вокал ја истакнува мрачната поезија во неговите стихови, со што публиката се здобива со незаборавно и навистина трогателно искуство.
Иво Димчев (И-ВО) е кореограф, визуелен уметник, кант-автор од Бугарија. Неговите дела претставуваат екстремна шаренолика мешавина на перформативна уметност, танц, театар, музика, цртежи и фотографија. Во 2017 година Иво Димчев издаде два музички албума со сопствена музика. Првиот албум претставува песни од неговите настапи во живо, додека вториот е насловен SCULPTURES.
_____________________________________________________
09.06.2018 – сабота
13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje
Проекција на филм:
Жената лубеница / The Watermelon Woman (https://goo.gl/AAgwcd)
1996 (90’)
САД
Режија: Шерил Дунје
Јазик: Англиски
Додека работи на еден филмски проект, дваесет-и-нешто годишната црна лезбејка Шерил станува опседната со потрагата по Феј Ричардс, црна актерка и лезбејка од 1930тите години позната единствено како „Жената Лубеница“ која имала афера со белата холивудска режисерка Марта Пејџ.
_____________________________________________________
09.06.2018 – сабота
20:00
Младински Културен Центар – МКЦ
Дијамант / (Diamond)
David Hoyle
со гостување на The LipSinkers
Дијамант претставува тегобно и пријатно патување низ ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година до денешните настани преку возбудливата биографија на Дејвид Хојл. Неверојатно авангардно театарско дело, Дајмонд плови низ трансформацијата на геј контра-културите, квир родот и сексуалноста, и британските општествени ставови. Ќе им се допадне на сите што веруваат во борбата за еднаквост.
Дејвид Хојл ја шири пораката за проблемите со родот и други политички прашања до публиката од 1990тите години. Да не беше тој, немаше да постои родово флуидниот дрег на кој толку многу се навикнавме во последните години.
The LipSinkers е дрег театарска трупа која изведува мимика на познати поп песни. Меѓутоа нивното шоу не може да се поистовети со забавните дрег телевизиски емисии како A Night Out со Дени Ла Ру или Drag Race на Ру Пол. Настапот не се препорачува за публика со слабо срце или ненаклонета кон хаос. Бизарно, диво, смешно и свежо. – Д скотсмен
_____________________________________________________
10.06.2018 – недела
13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje
Предавање на Del LaGrace Volcano (проследено со презентација на фотографиите од изложбата во МСУ)
Белешки за бидувањето спектакуларен примерок: Интерсексуалноста и политиките на репрезентација
_____________________________________________________
10.06.2018 – недела
20:30
KINO Kultura
Пред да излезам (ме сакаш) / (Before I Step Outside (you love me)
Травис Алабанза (Travis Alabanza)
Познатиот транс уметник и изведувач Травис Алабанза настапува со дело од неговата прва збирка поезија „Before I Step Outside (you love me)“. Создаден во јавен превоз, перформансот (во кој се соединуваат звуци, поезија, театар и проекции) го секцира и отвора прашањето што значи да постоиш како транс личност надвор.
Травис Алабанза е изведувач, писател и драматург кој живее во Лондон. Во изминатите две години се утврди како еден од најпроминентните нови квир гласови во Обединетото Кралство и ширум светот. Со жестоки, оригинални и поразително искрени дела – емотивните изведби на Алабанза се бележат како „иднината на квир перформансот“.
_____________________________________________________
10.06.2018 – недела
22:00
KINO Kultura
Диџеј сет на Sonja Sajzor (Србија) и
Дрег шоу на Haus of K.G. (KayGie) и Острога Ми (https://goo.gl/TiBZuS) (Србија)
Соња Сајзор е трансфеминистка, организаторка на настани, кант-авторка, уметничка директорка, диџеј и мултидисциплинарен визуелен уметник чии алатки за уметнички израз се шминката, костимографијата, графичкиот дизајн, фотографијата, филмот и перформансот.
Хаус на К.Г. (КејЏи) е дуо составено од дрег кралици кои ја поддржуваат дрег уметноста, club kid модниот стил и други квир експресии. Хаус е визуелна платформа за експериментирање со креативноста, модниот стил и други уметнички фантазии.
Дрег кралицата Острога Ми е комбинација од традиционално патријархално христијанство и циганска магија. Таа е домаќинка и гатачка на прво место, а потоа сѐ друго, постојано го бара вистинскиот маж на кој ќе му роди синови. Острога е магична циганска кралица и може да ти ја прочита иднината побргу отколку што ќе те прочита тебе.
Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.