Според српскиот портал, грчката страна побарала „премногу“, односно од името целосно да се исфрли одредницата „Македонија“, па така и покрај добрата волја, преговорите пропаднале.
Во изминатите неколку месеци, двете страни изразија оптимистички ставови за изнаоѓање на решение што е прифатливо за двете страни, а поддршката дојде и од седиштето на ЕУ и САД.