20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Денот кога балканскиот принц на поп музиката Тоше ќе наполнеше 36 години!

Македонскиот ангел и славеј, балканскиот принц на поп музиката Тоше Проески денес ќе наполнеше 36 години. За жал, на врвот од својата кариера тој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка во Хрватска.

Тоше е роден во Крушево, Македонија на 25 јануари 1981 година. Од рана возраст, тој покажуваше љубов спрема музиката, заврши музичко училиште а своето музичко образование го продолжи на музичката акдемија во Скопје.

Својот прв настап го имал на 10 годишна возраст пеејќи ја „Аве Марија“. Својата кариера ја започнал на 15 годишна возраст на фестивалот „Макфест“. Една година подоцна започнува музичката соработка со Григор Копров, што се покажа како добитна комбинација. Песните „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“ му ја отворија вратата на македонската музичка сцена.

Во својата доста успешна 1999 година го издаде својот прв албум „Некаде во ноќта“ и го одржа својот прв солистички концерт. И покрај серијата успеси, Тоше остана скромен. Тој победи на меѓународниот музички фестивал во Белорусија во 2000 година.

Во 2002 тргнува на турнеја вон границите на Македонија. Големи успеси најпрвин постигнува во Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина а подоцна во Хрватска и Словенија. Во 2003 година ја доби наградата „Мајка Тереза“ поради своите хуманитарни настапи. Како амбасадор на УНИЦЕФ Тоше доброволно помагаше на многу деца. Неговата песна „За овој Свет“ – „This World“ снимена во 2004, стана химна на УНИЦЕФ. Во 2004 Тоше е изберен за претставник на Евровизискиот настап, кој се одржа во Турција. Тоше го освојува 14 место со пeсната „Life“, англиската верзија на „Ангел си ти“.

По победата на Хрватски Радиски Фестивал Тоше изјави: „Љубовта и толеранцијата е она што не прави луѓе“.

Тоше Проески имаше големи хитови со Есма Реџепова, Гоца Тржан, Тони Цетински и Антонија Шола.

Тоше беше единственото наше добро и скапоцено нешто кое вредеше. И не само како пејач, тој многу добар се покажа и како човек, хуманитарец. Тоше беше, и ќе остане, нашиот АНГЕЛ!

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

поврзани објави

Последни објави