17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

НЕ за промена!

Република Северна Македонија:

1. Побивање на било каква историја или поврзаност со историјата. Александар, Самоил, Илиндени и слично…

2. Бришење на македонски малцинства во соседни држави. Се со цел да се добијат ПРИСТАПНИ преговори со ЕУ и НАТО. Но што се добива дури и со нивно членство?

3. ЕУ е вештачка творевина на банкарите од Wall Street. Сите се школувани таму за да можат да ги молзат државите и да се полни касата во Брисел. Што мислите, на Македонија.. пардон на Северна Македонија само ќе и даваат? Да се стане член на ЕУ е како да се стане партнер (со модерни зборови) во некоја голема фирма. Прво те канат да бидеш партнер, ама после мора да инвестираш. Секако мора да има симбиоза ама помалце ќе се дава отколку добива.

4. Јас не знам што се добива со членство во НАТО. Освен некои ликови што ќе профитираат поради лични договори со таа организација. НАТО е ВОЕН АГРЕСОР; не гарантира сигурност. НАТО е организација која СОЗДАВА и води ВОЈНИ (Од Виетнам па навака), УНИШТУВА држави (Во име на демократија: ЛИБИЈА, АВГАНИСТАН, ИРАК, најновата катастрофа СИРИЈА и уште многу слични на нив)..

5. Што е толку важно ова членство во ЕУ и НАТО? О да, ќе го заборавев, најголемиот филантроп, и човек без кој ова не може да помине, неговото височество, Џорџ Сорос. Ликот кој е директно виновен за сите шарени револуции. Не е единствената во Македонија, пардон Северна Македонија.

6. Од догодина Македонија може да биде дел од ЕУ и НАТО под името Република Македонија, поради тоа што главните ликови во ЕУ се вразумија дека со целосен консензус нема да има напредок, затоа се појавуваат радикални фракции. Што е тогаш моментот за решавањето на името? Само една фарса, од која ќе останеме без идентитет, онаков каков што сме стекнале. И секако, личен интерес некои ликови да ги добијат парите ветени од фондации слични како таа на Сорос.

7. Едно мало резиме на тој договор ( кој искрено се надевам дека нема да биде прифатен нит на една нит на друга страна ): Република Северна Македонија не е баш исто како и Republic North of Macedonia, преводот е ужасен.Нигде не се именува како Republic Northern Macedonia. Има македонски јазик, она што сите го препознаваат, кој е различен од грчкиот, што не е ништо ново, ама сакаат да кажеме дека настанал од словените демек, со големата преселба на народите. Таа преселба е таква глупост да поголема не постои. Постојат римски записи во кои стои дека кога доаѓале Римјаните на Балканот, сретнале староседелци и ги нарекле Славини. Тоа се има случено пред таа епска голема преселба на народите. Значи дека постоел македонскиот јазик уште тогаш, постојат и историски документи за тоа. Не смее да се окарактеризира јазикот како словенски кога тоа не е !!! Државјанство: македонско / државјанин на Република Северна Македонија. Има потреба од ова дополнително објаснување? Не. Менување на уставот и преамбулата е толку покорувачки чин што секој следен „проблем„ , ќе не потапкаат по рамо и ќе речат, еднаш направивте вакво отстапување, зошто не пак?

8. Знам дека сите кои викате дека не живеам во Македонија, ќе ми речете дојди и тука живеј и стварај, и дека немам право на глас за ова. Ама ќе ви кажам една работа. Моето име и презиме секогаш е препознато во светот како македонско, горд сум на тоа што сум Македонец. И не сакам утре некој да ми рече дека сум северен. Освен тоа, што ќе им кажеш на децата утре, се продадовме за ЕУ и НАТО, а воопшто не влеговме и ќе го менуваме уставот? Не се оди со глава преку ѕид.

Уште нешто. Северот е ладен, ние сме топли. Како може северна да е држава на сонцето.

Кај и да е, ќе помине и ова лудило. ЕУ и НАТО не се наши спасители. Нит некогаш ќе бидат.

На референдумот, ќе гласам ПРОТИВ, зашто сум Македонец, и не северен Македонец (како и да се врти со државјанството, националноста и јазикот излегуваат од името на државата). И државјанин сум на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Така сакам и да остане.

Пишува: Златко Ѓорѓијоски

поврзани објави

Последни објави