Во меѓународната политика е како во Холивуд.
Поминало извесно време а некоја класична „продукција“ е извадена од фиоките, прашината од неа се тргна и истата се оживува за нова сезона со нови главни ликови.
Таква е состојбата и со сагата околу името на Македонија. Драматичниот серијал со мала акција и елементи на комедија започна пред 27 години, а се до ден денешен не стигна до успешен завршеток.
Бугарското учество во таа грчко – македонска продукција одамна беше завршено (со тоа што го признаа името Македонија), но ете, новата сезона – една од најжестоките до сега – го промени тоа нешто.
Како се развиваа нештата досега:
Епизода 1: Имаме победник, но не сосема
Секоја премиерна епизода треба да е исклучително препознатлива и исклучително популарна.
Наспроти позадината на големата меѓународна средба, двајцата нови главни личности односно “херои“ – Зоран Заев (премиерот на Македонија) и Алексис Ципрас (премиер на Грција) се согласија да го решат спорот за името меѓу двете земји, нешто за кое уште во двете земји стотици илјади граѓани продолжуваат да мавтаат, истакнувајќи националистички повици.
Стана јасно и целата светска јавност е запознаена дека тие двајцата се обединија околу “една можност“ за име на Македонија, ставајќи крај на долготрајниот спор меѓу двете земји. Наместо да се открие се, првата епизода заврши со отворен крај – никогаш не разбравме какво ќе биде името.
Каракачанов го расипа изненадувањето!
Истакнатиот “филмски“ аналитичар Красимир Каракачанов (по некаква случајност и вицепремиер на Р. Бугарија) сепак, го расипа задоволството на многу фанови, откако го обзнани името, за кое разговарале двајцата главни личности во првата епизода во Софија – Република Илинденска Македонија.
ЕПИЗОДА 2. РИМ е македонски
За жал на граѓаните, сепак, Каракачанов навистина го расипа “изненадувањето“ – Зоран Заев потврди и и соопшти на јавноста дека со неговиот грчки колега договориле односно го потврдиле името “Република Илинденска Македонија“. Но, оваа серија е модерна и за тоа како се развива дејствието во неа ја имаат и гледачите, така што името ќе мора да биде потврдено на референдум, нормално, доколку истото биде потврдено на референдум до есен.
Во исто време, другиот главен херој – Алексис Ципрас, се соочи со нова драма – отпор за името во неговата родна Грција. Опозицијата (или “лошите, ако ги прашате двајцата премиери) рекоа, дека “Македонија не може да се вика Македонија“. Оди сеа ти терај политика со таква тврдоглава опозиција!
Епизод 4: Обединителят Борисов на помощ
Подкрепата за споразумението между Ципрас и Заев дойде от (не)очакван съюзник – българският министър-председател Бойко Борисов, по-познат през последните месеци като Обединителя заради своите чести международни обиколки и старанието да сближи Европейския съюз със Западните Балкани, Европа с Израел, Русия с България и Бисер Петков с протестиращите.
Борисов се включи в сериала с неочакван дипломатически ход – отмени срещата си с македонския президент Георге Иванов заради позицията му относно споразумението за името. Сигурно за урок на Иванов, че не бива да спъва прогреса, започнал на срещата, на която Обединителят беше домакин.
По нареждане на Борисов и външният ни министър Екатерина Захариева не прие македонския президент. Но Иванов не бива да се сърди – както сценарият намеква, реакцията на Борисов може да не е само срещу него, а спрямо всички президенти като цяло. Все пак Иванов беше тук по покана на българския си колега Румен Радев.
С тази среща още един български герой се намеси в сагата, за да вдигне драматизма. Сблъсъкът Радев-Борисов се пренесе в още един сериал, този път и (донякъде) чуждоезичен. Проблемът е, че вече на публиката й е писнало да ги гледа как се карат в твърде много български продукции.
Медиумско одбивање: “Не знам, ти си знаеш“
Чувствувајќи дека оваа серија нема да донесе повисок рејтинг, Обединителот брзо објави, дека нема да биде повеќе вклучен во овие процеси. Борисов, потпирајќи се на традицоналниот совет “не знам, ти си знаеш“, рече дека “спорот меѓу Грција и Македонија, ќе треба да си го решат самите тие“. Во принцип, тој објасни дека за Бугарија е исто како ќе се вика Македонија, важно за нив е да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Да има обединување во една Унија, во една ЕВРОПСКА УНИЈА, нели…
Епизода 5. „Државен удар“ на Церсе… пардон, Ципрас
После толку многу драми и приказни време беше и за малку акција. Не, дека и во Македонија и во Грција немало протести до сега за преговарањето за конечно решавање на спорот за името, но протестите не секогаш променуваат нешто во политиката. Таму е полно со актери, а се зависи од главните херои (главните улоги). Во 5-тата епизода се стигна до еден нов момент – гласање недоверба на владата на Ципрас во собранието на Грција. Не само тоа, но имаше и нов актер – пратеник од “Златна зора“, кој во парламентот го обвини Ципрас и се обиде да направи државен удар. Но тие во Грција имаат искуство со таквите уште во 67 година…
“House of Cards“ и “Games of Thrones“ во едно, само на грчки. И наместо да летаат глави ситуацијата (фала Богу) се размина само со протерувањето на “Златна зора“ од дискусиите по неизлгасувањето на недоверба.
Но, во оваа епизода, повторно учество на Бугарија. Министерката Екатерина Захариева може и имаше наредби да не се среќава со дел од македонските претставници, но сепак се сретна со премиерот Заев и тоа во Скопје. Тоа не е изборна дипломатија – Захариева всушност беше во Скопје за да ја гледа театарската претстава “Железниот светилник“ и концерт од ONE LOVE TOUR кој се оддржува токму во Скопје.
Во следната епизода ќе гледате…
Заев и Ципрас ги надминаа сите пречки за да се сретнат во близина на езерото Преспа, да ги стиснат потните раце и да го потпишат договорот кој според многумина ќе донесе крајна стабилност не само за двете земји, туку и за Балканот.
Красимир Карачанов со точност до 2 проценти ги знае резултатите од македонскиот референдум;
ЕУ и НАТО можеби ќе започнат разговори со Македонија за пристапнувањето, можеби и нема да започнат. Тие се уште ќе чекаат да видат како ќе се вика земјата и дали ќе биде успешен “референдумот“.