4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Историски потпис! За добро или лошо, ќе покаже иднината!

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои го објавија договорот за конечно решение на спорот за името, денеска ќе имаат и официјална средба и ќе бидат сведоци на потпишувањето на истиот од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Димитров и Козијас.

Грчката страна на Преспанското езеро ќе биде декорот на историскиот настан за потпишување на договорот, со кој Атина и Скопје ставаат крај на 27 годишниот спорт за името на Македонија.

Можно е настанот да биде одбележан со протести на грци, кои не сакаат новото име на Македонија да го содржи името „Македонија“, а можни се и протести од различни делови на Македонија, кои ќе го поддржат ставот на опозицијата дека договорот е “понижувачки и поразителен“.

Премиерите Ципрас и Заев ќе се сретнат заедно со делегациите, во кои ќе бидат и министрите за надворешни, Никос Коѕијас и Никола Димитров. Последните двајца одиграа исклучително важна улога во преговорите, обновени во крајот на мината и почетокот на оваа година после долги години застој. Пред неколку недели тие го префрлија дијалогот во рацете на Заев и Ципрас, кои земаа замав и по неколку неделно преговарање оваа недела обзнанија дека дошле до конечно решение, дека новото име на Македонија, прифатливо за двете страни, е Република Северна Македонија.

Бројот на меѓународни гости, поканети да присуствуваат на самиот настан, не е мал. Тука се генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и врховниот претставник на ЕУ по прашањата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

По потпишувањето на договорот, двајцата премиер ќе имаат свое заедничко обраќање, а потоа делегациите на двете земји ќе имаат заеднички ручек во Отешево.

поврзани објави

Последни објави