Во Уставот има празнина, претседателот има право на суспензивно вето, може да добие на време или да стопира некој закон да влезе во сила, но откако законот по втор пат ќе влезе во собраниска процедура, тој е должен да го потпише, а ние сега имаме претседател, кој не ја почитува оваа обврска.
Ова го порача вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Топ тема, одговарајќи на прашањето дали договорот може да важи и без потписот на претседателот Ѓорге Иванов.
Димитров нагласи дека во некои уистави има рок до кој одреден закон, ако не се потпише, се смета дека е потпишан.
Министерот посочи дека за договорот сепак на крајот ќе се изјаснат граѓаните на референдумот и оти доколку Иванов не го потпише законот, а грѓаните му дадат поддршка на договорот, тој ќе се најде во мошне незавидна позиција.
– Ако исходот од референдумот биде успешен, во услови на непосредна изразена волја на граѓаните на претседателот ќе му биде мошне тешко да не го потпише заонот за ратификација, тој тогаш ќе оди против волјата на граѓаните. Можеби тука е надежта дека законот ќе биде потпишан. Политичката динамика е таква, доколку во такви услови не го потпише тој ќе згази три работи, волјата на граѓаните, членството во НАТО и европската иднина, тоа е страшна одговорност, додаде тој.
Информира дека со нота веќе е известена грчката страна дека договорот е ратификуван во Собранието и сега се очекува Атина да испрати писмо до Европскиот совет и до генералниот секретар на НАТО дека повеќе нема забелешки Македонија да тргне напред и да се отворат вратите за нејзиното членство.
Потсети дека денеска во Севрноатлатнскиот совет постојаните амбасадори на земјите-членки на НАТО не охрабрија дека на Самитот на 11 и 12 јули во Брисел ќе добиеме покана.
Димитров нагласи дека во подготовка се и заклучоците од самитот на ЕУ, прво во Совет за општи работи во Луксембург на ниво на министри, а потоа и на ниво на лидери на земји-членки и додаде дека има уште неколку дена до усоласување на заклучоците од самитот, кој ќе се одржи кон крајот на месецот.
– Многу е важно да се донесе политичка одлука за почеток на преговорите по деветтата препорака и по 13 години кандидатски статус, толку долго време бевме во чекалната заради прашањето за името. На добар пат сме да го решиме, иако има уште чекори и многу е важно сите земји-членки да ја препознаат оваа историска шанса, рече шефот на дипломатијата.
Во врска со нон-пепјерот во кој Белгија, Франција, Данска и Холандија се противат на натамошно проширување на ЕУ, Димитров нагласи оти не сака да замислува негативно сценарио, дека мора да останеме позитивни и дека верува оти меѓународната заедница ќе ги препознае и вреднува напорите што Македонија на сите полиња ги презела изминатата година.