СДСМ кажа, СДСМ излажа. Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ продолжуваат да ги манипулираат и лажат граѓаните. Кирацовски и Зечевиќ се во невозможна мисија помеѓу членството на СДСМ да го прикажат капитулантскиот договор за промена на уставното име на Македонија како победа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се што вети Заев за договорот излажа, гарантираше непроменет Устав, јазик и нација, се колнеше во своите предци и идни генерации и повторно излажа. Сега Кирацовски и Зечевиќ се во одбрана на својот шеф Заев со уште лаги кои ќе им ги сервираат на граѓаните. Договорот со Грција е акт со кој се брише македонската историја, име, јазик и нација, се она кое Заев ветуваше дека ќе остане непроменето. Со капитулантскиот договор се брише се што е македонско, се брише Македонската Академија на Науките и Уметностите, се брише Македонски Народен Театар, Археолошки музеј на Македонија, се брише придавката македонски во својата изворна смисла. Останува прашањето за што се изборил Заев и СДСМ, за каква победа говорат?, стои во реакцијата и се додава:
„Тие немаат право да говорат за земјоделците на кои се уште им немаат исплатено оштета, на оние граѓани на кои им ветуваа поголеми субвенции и повторно ги излажаа. Кирацовски и Зечевиќ немаат право да говорат за инфраструктурни проекти, кога единствено се китат со туѓи перја и се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Реализацијата на капиталните инвестиции за 2018 година изнесува катастрофални 10.9 проценти за првиот квартал, што значи дека нема, не се реализираат нови капитални инвестиции во инфраструктурата и дека ветувањето за 500 километри автопат беше единствено уште една шарена лага на Заев и СДСМ. Нема да ви помине, граѓаните нема да дозволат да бидат излажани од картелот на власт, на кој не му беше доволно богатењето на грбот на граѓаните па се одлучи и на распродажба на државните интереси“.

 
                                    










