3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ОДБИЕНИТЕ КАДЕТИ БАРААТ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД СПАСОВСКИ

Полициските кадети од последната класа 2017/2018 година кои не добија решенија од Министерството за внатрешни работи и денес пред МВР побараа средба и објаснување од министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски зошто немаат писмен документ дека се одбиени и од која причина, пишува „Вечер“.

Тие се пожалија дека МВР објаснило дека тие не се примени бидејќи имале криминални досиеа и појаснија дека кога конкурирале за обуката сите поднеле потврда за неосудуваност.

Кадетите бараат извинување од МВР и нагласија дека доколку полицијата смета дека се криминалци, тогаш заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да понесе одговорност бидејќи тој ги потпишал нивните договори.

поврзани објави

Последни објави