4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Претставата „Дух“ во МНТ одложена за утревечер

Претставата „Дух“ на Македонскиот народен театар,  која вечерва требаше да биде изведена во рамки на „Скопско лето“, од технички причини е одложена за утревечер од 21 часот за кога ќе важат и билетите, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје по известувањето од МНТ.

Премиерата на „Дух“ беше во април годинава. Претставата е според текст на Дејан Дуковски и во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Во актерската екипа се: Гораст Цветковски, Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов, Тони Михајловски

Сценографијата е на Велимир Жерновски, костимограф е Лидија Георгиева, а  музиката е на Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.

поврзани објави

Последни објави