3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВМРО Народна: Разочарани сме што Македонија не доби покана за отпочнување на преговорите оваа година

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Европскиот унија за отпочнување на преговори со Македонија за членство веќе од идната година. Сметаме дека со ова започнуваме ново поглавје но и привршување на еден голем и мачен процес на реформи преку усогласување и исполнување на критериумите за конечно интегрирање на Македонија во Европската унија. Воедно ВМРО-Народна партија е разочарана што и покрај фактот што Македонија веќе ги исполнува сите услови за целосно вклучување во ЕУ сепак не доби покана за отпочнување на преговорите оваа година. Од друга страна пак веруваме дека со оглед на исполентите услови но и неколкуте позитивни извештаји сепак Македонија утре ќе добие покана за отпочнување на преговорите за членство во НАТО, бидејќи Македонија без сомневање со своето повеќегодишно залагање во однос на Евроатлантските интеграции заслужува да биде дел од Евроатлантското семејство.

поврзани објави

Последни објави