4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Милошоски: Премиерот шири лажни вести дека Македонија добила датум за преговори за членство во ЕУ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето на Топ тема рече дека премиерот Зоран Заев шири лажни вести дека Македонија добила датум за преговори за членство во ЕУ.

-Кога не би следел странски медиуми, можеби би поверувал во тоа што го зборува Заев, но гледам дека тој лаже. Холандскиот министер изјави дека Холандија го блокира одлучувањето за датум за преговори за Македонија и Албанија. Тоа значи дека Македонија не доби датум за преговори. Ова значи дека Македонија има добиено условна препорака. Македонија нема одлука за датум за преговори, ова што го кажува премиерот Заев е лажна вест, вели Милошоски.

поврзани објави

Последни објави