Познатиот рапер Канје Вест призна дека имал самоубиствени мисли, но, исто така, откри дека бил уплашен дека поради таа причина ќе го напушти неговата сопруга.
По скандалозната изјава на Канје Вест се јавил кај дел од членовите на семејството на сопругата Ким Кардашијан. Имено, раперот сакаше да открие што размислува секој од нив за тоа и дали знаат нешто за можниот развод од Ким Кардашијан. Канје призна дека размислувал за самоубиство и дека мислите не го оставиле ни за момент. Тој од неодамна призна дека се кае поради неговата неразумна изјава.
„Кога ќе слушнете на ропство што трае 400 години. 400 години? Тоа ми звучи како личен избор.“, рече во интервју за порталот „TMZ“, со што ја налути американската јавност, но исто така и неговата сопруга.
„Седум дена по она што го реков, сите знаете за ропството, се јавив на неколку членови на нејзиното семејство и ги прашав дали таа има намера да ме остави.“– открива Канје кој во 2016 година доживеа нервен слом.
„Размислувам за самоубиство цело време. Тоа е секогаш опција за мене.“ – изјави раперот, додавајќи дека тоа размислувајќи на таа тема, го наведува да не го стори тоа.