Затворски казни од 10,6 до 13,6 години, ги осуди седумината обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села или заеднички вкупно 81 година робија.
Обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а иста казна доби и Александар Јаневски Тошт, половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.
Според кривичното дело за кое се гонеа, на обвинетите им се закануваше затворска казна од 5 до 15 години.
-Обвинетите со умисла се обиделе од живот да го лишат пратеникот Зијадин Села, рече судијката Славица Андреевска.