fbpx
7.8 C
Skopje

Важно е…

АКТУЕЛНО

Важно е што треба да кажеш пред да заспиеш..
Фала ти за топлата постела и денот што ми го дари..

Важно е што треба да кажеш кога ќе се разбудиш..
Фала ти што одморив и имав каде да легнам..

Важно е што ќе и кажеш на таа до тебе наутро..
‘Добро утро, мила! Се наспа?’..

Важно е што ќе кажеш пред да седнеш да јадеш..
Фала ти за оброкот.. Каков и да е.. Оброк е!

Важно е што ќе и кажеш на ќерка си..
Ми го разубавуваш животот..

Важно е што ќе му кажеш на синот..
Се гордеам со тебе..

Важно е што ќе им кажеш на родителите..
Фала ви..
Фала ви за животот..
Фала ви за можностите..
Фала ви за лекциите..
Фала ви за трпението..
Фала ви за сите непреспани ноќи..
Фала ви за сите длабоки посегнувања во долот живот кај што секој заглавил..
Фала ви за убавиот збор(колку и да е тешко кажан) наместо критика..
Фала ви за моментите поминати заедно..

Важно е што ќе им кажеш на другарите/ките..
Фала ви за секој искрен збор..

Важно е што ќе кажеш..
Секогаш..
Важно е..

Автор: Златко Ѓорѓијоски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -