Благодарение на неговиот поглед посвоената ќерка ги пронашла вистинските родители, жена продишела, маж закрепнал после успешна трансплантација на коскена срцевина.
Стотици илјади очајни луѓе, најмногу Американци, секоја година му плаќаат на Јосип Грбавец-Брацо (47) од Загреб за да гледа во нив и да молчи.
Брацо стекнал следбеници ширум светот, а еден негов поглед чини 8 долари. На оние кои присуствуваат на неговите сесии не им е дозволено да му се приближат.
Тој едноставно не разговара со никого. Тој наводно не заработува пари од својата работа и не се изјаснува како исцелител, ниту гарантира помош и излекување.
Не е многу најјасно како делува неговата магија, дали на луѓето им се остварува желбата која ќе ја замислат или како тој шири енергија која предизвикува општо добро и благосостојба за оние кои ќе го уловат неговиот поглед.
Чудата кои му се препишуваат досега се разновидни. Усвоената ќерка ги пронашла вистинските родители, една жена ги решила проблемите со дишењето, еден маж закрепнал после успешна трансплантација на коскена срцевина.
На жените им помагал кога имале проблеми со јајниците па после тоа останувале бремени. Едно од најнеобичните лекувања кои се случиле, било кога поради неговиот поглед на една госпоѓа буквално и експлодирале јајниците, што и помогнало да ја победи својата болест.
Звучи чудно нели? Но, Погледнете го видеото: