1.8 C
Skopje
вторник, декември 2, 2025
spot_img

Митко Чавков на чело на протесниот марш на опозицијата во Струмица

Над 10.000 граѓани денес се придружија на мирниот марш кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Граѓаните јасно го изразуваат своето незадоволство од договорот потпишан со Грција според кој Македонија го менува уставното име во Република Северна Македонија, а меѓу другото се откажува од малцинствата, идентитетот.

Јас му Македонец, а ти? се само дел од пораките на граѓаните кои недвосмислено во огромен број истакнуваат дека не даваат поддршка за промена на уставото име на Република Македонија. Скандирајќи „Македонија, Македонија“ и пеејќи ја песната „Едно име имаме“ граѓаните маршираа низ струмичките улици.

поврзани објави

Последни објави