Еве сега во миговите кога Македонија поново се наоѓа пред еден крстопат, можеби најважниот во нејзината понова историја велам, да ја пееме нашата!, стои во најновиот статус на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој понатаму додава:
„Ова се историски мигови за нашата земја, времиња кои преку нашите потези не опишуваат она што сме и какви сме!
Да покажеме ние Mакедонците но и сите останати, од кој ков сме направени, кои сме и што сме, и како што отсекогаш низ историјата сме знаеле, мудро и вешто, но и решително и без страв свесни за идејата за која се бориме, да опстоиме и да
испишеме еден пасус во нашата современа историја! Македонија има чеда достојни на предците и посветени на потомците!“, пишува Мицкоски.