17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Милица Тодоровиќ открива: Саша Поповиќ ме „шутна“ од „Гранд“ поради ова!

Српската пејачка Милица Тодоровиќ и некогашна победничка во „Ѕвездите на Гранд“ за првпат си ја отвори душата пред јавноста кога е во прашање „Гранд“ продукција и нејзиниот директор.

-Немав настапи, морав сама да ги барам. „Гранд“ никогаш не ми даде ниедно признание. Јас емисијата „Народот прашува“ ја добив по десет години кариера и тоа само да влезам во емисијата и да излезам. Мојот потег да го напуштам „Гранд“ и Поповиќ беше храбар, вели пејачката и истакнува дека тогаш следел шок.

Ме забранија преку ноќ. Штом во 2016 година излезе мојата реклама на Пинк, на „гранд“ веќе беше направена забрана. Официјално дознав дека сум забранета кога требаше да одам на снимање. Тој ден ме повикаа и ми кажаа дека ми откажуваат бидејќи сум забранета. Не знам со што тоа го заслужив, само заминав каде ми беше подобро. После тоа никој не ме побара, ниту пак јас ги побарав, гласи нејзината изјава за српскиот портал Еспресо.

Инаку таа е победничка на второто издание на Ѕвездите на Гранд, и тоа како најмлада учесничка на само 14 години. Покрај тоа што се занимава со пеење таа исто така се обиде да се пронајде и во глумата па беше дел од операта „Време на циганите“ заедно со својот колега Стеван Анѓелковиќ. Операта премиерно е изведена во Париз, Франција.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави