Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори, но политиката е уметност на можното и ќе сториме се што можеме, ќе вложиме максимален напор за да одиме напред, нагласи шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска на дебата во рамки на самитот „ЕУ – Западен Балкан“ во Лондон, на тема „После Берлин: Што носи следната декада за Западен Балкан?“
Граѓаните на ЕУ мора да разберат дека процесот на проширување може да не трансформира. Ние правиме грешки, но исто така и ги поправаме грешките. Процесот на пристапување е можност за трансформација на општествата, рече Димитров и додаде дека поради политичката криза со која се соочуваше Македонија, јавноста во земјата стана лута и мошне критична и повеќе не толерира грешки.
Пристапувањето на земјата во ЕУ и НАТО, додаде министерот, ќе има смирувачки ефект во целиот регион и ќе испрати сигнал дека земјите во Западен Балкан остануваат на патот.