5.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

6 неверојатни намени на вотката

Ова се нејзините 6 поразлични намени:

1. Помага во отстранувањето на тврдокорни дамки како што се дамките од трева и црвено вино. Потопете ја облеката или материјалот кој има флека во вотка и оставете ја да делува неколку часа. Потоа исперете како и обично.

2. Вотката е одлична дезинфекција. Наместо чист алкохол, користете вотка во мало шишенце со распрскувач. Испрскајте ги кујнските елементи и пребришете.

3. Чистењето на огледала никогаш не било полесно. Вотката е одлична за отстранување на спреј за коса или пак некоја друга флека од шминка која по грешка ви се залепила за огледалото.

4. За инсектите да ги одржите подалеку од вашите билки, во еден пластичен сад ставете вода и вотка во сооднос 50:50. Пребришете ги билките и цвеќињата со оваа течност и бидете сигурни дека ниту еден инсект нема да ги нападне.

5. Отстранувањето на лепило може да го изведете најлесно со потопување на залепениот материјал или предмет во вотка. Истријте убаво и налепницата или етикетата ќе излезе за неколку секунди.

6. Светнете ги хромираните површини користејќи вотка. Одлично дејство има и врз порцеланот и кристалите.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -