23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Федерер е првиот финалист на Австралија Опен, кај дамите сестринско финале

Швајцарскиот тенисер и поранешниот број еден ас во светот, Роџер Федерер после цели седум години се најде во финалето на Австралија Опен, откако денес успеа да го елиминира својот сонародник, Стан Вавринка, со конечни 3:2 (7:5, 6:3, 1:6, 4:6, 6:3)

Фантастичниот Федерер одигра три феноменални и еден катастрофален сет. И покрај тоа што се намачи во првиот сет, тој успеа да го добие со конечни 7:5, додека вториот го доби со резултат од 6:3.

Вавринка по фантастично одигран трет сет успеа да се врати во натпреварот, добијаќи го со 1:6, а веднаш потоа и четвртиот со 4:6, со што мечот беше изедначен (2:2).

Во последниот сет Вавринка со двојна сервис грешка му подари брејк на Федерер за 4:2, а тој тоа маестрално го искористи, поведе со 5:2, за на крај од свој сервис да ја запечати победата.

Федерер во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Надал и Димитров.

Кај дамите ќе гледаме сестринско финале на Австралија Опен. Серена Вилијамс ќе се сретне со Венус Вилијамс. Венус со финалето се најде по триумфот над Мирјана Лучиќ-Барони со 3:0.

поврзани објави

Последни објави